Камионџија од Штип возел со три промили алкохол во Бугарија

Камионџија од Штип е фатен со три промили алкохол како вози низ Бугарија со својот камион. Тој бил уапсен кај Златарево, Бугарија, откако полицајци од сообраќајната полиција му измериле 3 промили алкохол во крвта.

Бугарската полиција извести дека возачот чиј идентитет не се открива, едвај стоел на нозе, а бил и арогантен.

На Македонецот му е одредена забрана за управување возило во Бугарија во траење од три години.

 
 
23.12.2016 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега