Грците кои не платиле данок ќе останат без имот

 

Грчкото Министерството за финансии ќе им испрати известувања за даночните обврзници и бизниси кои и должат пари на Владата, во кои ќе им се закани со конфискација на имот ако не ги платат своите долгови.

Моменталниот долг кон државата од неплатени даноци и придонеси за социјално осигурување изнесува околу 60 милијарди евра. Во известувањата, Министерството ќе ги информира граѓаните дека доколку не го платат долгот во рок од 20 дена од денот на приемот на писмото, ќе им биде одземен имот.

Ова ќе важи за оние кои должат повеќе од 10.000 евра. Главниот грчки фонд за социјално осигурување ИКА, годинава очекува да собере три милијарди евра од долгот кон него кој изнесува осум милијарди.

ФОТО: Дневник

14:26

најчитано сега