Експлозија кај стариот автопазар во Скопје - едно лице во болница

Во 06 часот и 45 минути во полиција во Скопје бил пријавен пожар кај стариот автопазар, на терминалот на „Фершпед“.

Полицијата денеска излезе со соопштение дека била опожарена куќарка која служела како соблекувална за вработените на „Фершпед“, а изгореле кровната конструкција, и две возила  „Форд“ со скопски регистарски ознаки и „Рено“ со скопски регистарски ознаки, на фирмата „Алпик Дооел“.

Пожарот најверојатно, според неофицијални податоци, бил предизвикан од неисправна инсталација. Дел од вработените додека се пресоблекувале слушнале и експлозија во помошната просторија, каде чувале косилки и бензин. За жал, 54-годишниот работник Ќ.Ш.од Скопје се здобил со изгореница од втор степен и истиот е примен на лекување на Клиниката за пластична хирургија.

Увид  на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

 

 

 

19.04.2017 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега