Работел на верски објект - битолчанец доживеа несреќа

Страшна несреќа се случила во Охрид кога работник паднал при работа на верски објект, по што бил итно хоспитализиран. Настанот се случил вчера во 14 часот и 30 минути во Охрид, кога 51-годишниот Д.К. од Битола, изведувајќи градежни работи во верски објект на улицата „Св.Климент Охридски“ , паднал и се здобил со тешки телесни повреди.

Истиот со возило на Итна медицинска помош бил префлен во болницата „Св.Еразмо“ каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид. 

 

 

 

19.04.2017 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега