Полицијата претресуваше куќа во Струмица - еве што пронајде

Секторот за Внатрешни Работи во Струмица поднесе кривична пријава против 44-годишниот С.В. од Валандово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на права од индустриска сопстевност и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 24.03.2017 година, по добиени оперативни сознанија, извршен бил претрес во домот и помошните простории на пријавената каде се пронајдени и привремено одземени 1.685 парчиња петарди и 21 парче тренерки со ознака на трговска марка „adidas“, кои се фалсификат. Тренерките не биле произведени од страна на носителите на правото и не се пуштени во промет со нивна согласност. Притоа постоеле разлики со оригиналните производи, немале безбедносна етикета, која вклучувала информации за производот, сериски број, потекло, 2-Д баркод, како и лошата изработка односно репродукција на „adidas“ логата и етикетите кои што се прикачени на самиот производ.

 

 

 

20.04.2017 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега