Трагедија во Македонија: Излетал од патот, починал на лице место

Трагедиите немаат крај во Македонија, викендов почина возач. На регионалниот пат Градско-Неготино, кај локалитетот „Стоби“, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „КИА“, управувано од 47-годишниот С.П до селото Црвени Брегови-Неготино, излетало од коловозот и се превртело.

За жал, возачот починал на самото место.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Велес.

По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

 

 

 

10.07.2017 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега