Локализиран пожарот над село Истибање виничко
Локализиран е пожарот што избувна вчера над селото Истибање, Виничко, и во кој изгореа 15 хектари сува трева и смрека.
Според Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) и вработените во Шумското стопанство „Плачковица“ кои учествуваа во гаснењето, непристапниот терен кај месноста Дабовец создаваше проблеми. Сепак, се спречи проширување на стихијата на околните ридови и на површините со борова шума.
Според ТППЕ, изминатите 30 дена во кои температурите достигнаа 40 степени, виничките пожарникари интервенирале шест пати на отворен простор. Од почетокот на годината, пак, дејствувано е во 60 случаи од кои 50 на отворен простор.
Лани во Виница се регистрирани 65 интервенции од страна на ТППЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа