ВМРО-ДПМНЕ: 1.500 луѓе беа избркани од работа само затоа што немаат членски книшки на СДС
Интегрален текст од прес конференција за медиуми, која се одржа денес, при што се обрати г. Димче Арсовски, Потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Неспособната антиреформаторска влада на СДС започна со чистките и бруталната партизација на државата преку враборување на партиски војници на СДС.
Граѓаните се уште ги чекаат ветените 30 000 денари просечна и 16 000 денари минимална плата, како и 500-те километри нов автопат. Засега само се реализира ветувањето на Заев за виткање кичма и ветувањето - дека ќе брка, ќе јаде живи луѓе и ќе владее со партизација на држава од чистачка до директор.
1.500 луѓе беа избркани од работа само затоа што немаат членски книшки на СДС, како што бара пратеникот од редовите на СДС Курто Дудуш.
Поради фрустрациите и комплексите на новата владеачката гарнитура и носењето одлуки без размислување, во Фондот за здравство во моментов не постои одбор кој може да носи одлуки околу лекување на осигурениците во странство. Поради Зоран Заев и СДС, животот на болните граѓани е доведен во ризик.
Започна и смената на директори на институции преку јавно декларирана фашизоидна и тоталитарна предумисла: сменети се многу успешни директори на театри само затоа што немаат членска на СДС и не размислуваат како Зоран Заев и Роберт Алаѓозовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа