Македонската полиција им го претресе возилото на млади момчиња - еве што најде

Полициски службеници вчера во 18 часот и 45 минути во селото Долна Бањица, гостиварско, извршиле преглед кај 17-годишниот Е.Н.  и 19-годишниот Х.А.  од селото Долна Бањица и во возилото „Мерцедес“ кое го управувал малолетникот.

При преглед на возилото, под совозачкото седиште, биле пронајдени две поголеми најлонски ќеси со непозната тревкаста материја, најверојатно марихуана.

Лицата биле приведени и задржани во Полицијата Гостивар за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

16.08.2017 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега