Детали за убиената жена во Гостивар: Ја избодел со нож, сликата била ужасна

Убиството на Сенада Р. (27) од скопско Шуто Оризари, која вчера околу 9 часот, без знаци на живот, беше пронајдена на улица „Иво Лола Рибар“ во Гостивар е целосно расветлено, информираат од СВР Тетово. Осмничен е нејзниот сопруг Б.Г. (38) од скопско Шуто Оризари кому во текот на денот ќе му биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гостивар.

Според наводите од пријавата, осомничениот Б.Г. го извршил убиството на сопругата вчера утро со неколку убоди со нож во раката, градите и стомакот. Набрзо потоа со возило го напуштил местото, додека вчера попладне лишен е од слобода во Скопје, а потоа  предаден е и задржан во Полициската станица Гостивар.

Јавен обвинител издал наредба за обдукција врз телото на жената, а се очекува во текот на денот да побара и притвор за осмоничениот Б.Г. Мотивите за убиството, најверојатно лежат во меѓусебните недоразбирања кои сопружниците ги имале подолг период. Јавниот обвинител информираше дека починатата жена во последните пет месеци живеела во Гостивар каде се преселила од Скопје поради нарушени односи со партнерот. Тие имале три малолетни деца на возраст од 1, 3 и 6 години.

 

 

 

18.09.2017 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега