Убиената жена во Гостивар имала три деца - убиецот денеска на суд

Гостиварската  полиција го расветли убиството на 27-годишната С.Р. од скопско Шуто Оризари, која вчера  околу 9 часот, без знаци на живот, била пронајдена на улица „Иво Лола Рибар“ во Гостивар.

Осомничен дека го извршил убиството со неколку убоди со нож е 38-годишниот Б.Г, исто така, од скопско Шуто Оризари, кој веднаш потоа со возило го напуштил местото, додека вчера попладне лишен е од слобода во Скопје, а потоа предаден е и задржан во Полициската станица Гостивар.

Осомничениот Б.Г, инаку сопруг на С.Р, со кого имале три малолетни деца на возраст од една, три и шест години, со соодветна пријава денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, а по наредба на јавен обвинител ќе се изврши обдукција врз тело на убиената.  

 

 

 

18.09.2017 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега