Локализиран пожарот кај Пелистер

Пожарот кој денес избувна на Баба Планина во непосредна близина на врвот Пелистер е се уште активен и се контролира, изјави вечерва за МИА, раководителот на битолската територијална против пожарна единица Костадин Поповски.

Според Поповски попладневниот силен ветер кој и сега дува не дозволил канадерите целосно да го изгаснат пожарот на Баба Планина.

- Пожарот избувна кај месноста „семафорите“, локација од која на една страна се оди кај месноста „антена“, а на другата страна кон Големо Езеро. Интервенцијата на канадерите беше добредојдена, но силниот ветер кој и сега дува не дозволи целосно гаснење на пожарот. Во моментов и во текот на ноќта 40 пожарникари и припадници од Дирекцијата за спасување во услови на криза се на Пелистер за да ја набљудуваат состојбата, а во раните утрински часови ќе интервенираат два канадери и еден хеликоптер со цел да се изгасни пожарот во кој гореше сува трева, потврди Поповски. 

 

 

 

18.09.2017 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега