Почнува одново судењето за охриѓанецот убиен на Нова Година

Во Основниот суд во Охрид денеска треба да започне новиот судски процес за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски кое се случи на Нова Година.

Во 2016. убиството го изврши 30-годишниот Бојан Угреновиќ од Србија, а сега се брани од слобода откако му беше укинат притворот.

До ваков расплет дојде откако апелацискиот суд во Битола ја укина првичната одлука на Основниот суд Охрид кој обвинетиот во декември минатата година го осуди на казна затвор од 16 години и го врати предметот на повторно судење. Уследија два неуспешни обиди да почне судскиот процес во мај и јули оваа година.

Потоа тој откако на првото судење се изјасни за виновен и изрази каење за стореното кривично дело, се премисли и изјави дека се чувствува невин.

 

 

 

19.09.2017 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега