Мртов маж најден во Ѓорче Петров

Маж бил пронајден мртов вчера од сопственикот на куќата каде истиот живеел сам како потстанар, на улицата „Тодор Циповски Мерџан“ во скопската населба Ѓорче Петров.

Починатиот е 46 годишниот М.Р. кој живеел сам во куќата, а според пријавата боледувал од бубрежни болести.

Смртта без траги на насилство е констатирана од екипа од Итна медицинска помош, а по наредба на ЈО телото е предадено на обдукција.

 

 

 

19.09.2017 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега