Драма во Скопје: Му вперил пиштол среде улица

Крвава расправија вчера се одвивала на Видое Смиелвски Бато во Скопје.

Случајот во полиција вчера вечерта го пријавил 43 годишниот Б.Ш. од Скопје. Тој истакнал дека вчера попладнето му се јавил Д.С. и го повикал да се видат на булеварот „Видое Смилевски Бато“ со цел да ги решат недоразбирањата кои претходниот ден ги имал со неговиот татко К.Ш. но кога се сретнале Д.С. почнал да го навредувал Б.Ш. и да се заканува со убиство кон него и неговиот татко доколку истите не ја повлечеле претходната пријава. Во еден момент Д.С. извадил пиштол и го вперил кон Б.Ш., но истиот го фатил за рака и го совладал, информираат од полицијата.

Д.С. со телесни повреди добиени во тепачката бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

19.09.2017 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега