Охриѓанец ја претепал сопругата - завршила во болница

35-годишниот С.И. од Охрид доби кривична пријава за семејно насилство, откако ја претепал сопругата.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 23-ти јули оваа година  околу 15 часот и 30 минути во семејна куќа во Охрид. Тој, започнал жестока вербална расправија со неговата сопруга по што и физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и целото тело.

Од силината на ударите, оштетената се здобила со повреди и набиеници а потоа пренесена во Општата болница во Охрид каде и била пружена неопходна медицинска помош.

 

 

 

19.09.2017 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега