Страшна сообраќајка во Македонија: Девојка тешко повредена

Дваесет и пет годишната скопјанка Е.П. се здобила со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 17:30 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај клучката за Камењане.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале три возила, „Голф“ со косовски ознаки управуван од 49-годишниот У.Е. од Косово, „Мерцедес“ со скопски таблички кој го управувал 31 годишниот Д.Ѓ. од скопско Стајковци и теренско возило „Мерцедес“ со тетовски ознаки управувано од 28-годишниот Ш.Р. од Тетово.

Девојката, која била сопатничка во автомобилот „Мерцедес“ се здобила со тешки повреди и по укажаната лекарска помош во тетовската болница, итно е пренесена во Ургентниот центар во Скопје каде се наоѓа надвор од животна опасност.

Возачот на Мерцедесот минал со полесни повреди и е пуштен на домашно лекување. Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

 

 

 

19.09.2017 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега