Тешка несреќа во Македонија, излета автомобил - тинејџерка во болница

Деветнаесет годишната Г.И. од Битола е тешко повредена во сообраќајна несреќа која вчера околу 17 часот се случила на локалниот пат за цело Цапари, битолско.

До несреќата, како што информираат од полицијата, дошло кога 22 годишниот П.Р. од Битола управувајќи автомобил „Опел Вектра“, изгубил контрола над возилото, по што истото излетало од колозовот удрило во земјен брег и се превртело на кров.

Сопатничката, Г.И. со тешки повреди била задржана на лекување во Клиничката болница во Битола.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.

 

 

 

19.09.2017 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега