Крвава ноќ во Куманово, го прободеле со нож

Во 02 часот и 30 минути во дискотека во селото Проевце, кумановско, додека 26-годишниот Ф.A. и 25-годишниот Р.В. од Куманово седеле на една од масите, дошол  И.Ф. од Куманово и почнал да им се заканува. Од вработените во обезбедувањето на дискотеката бил избркан од објектот.

Околу 04.00 часот, Ф.А. и Р.В. со патничко возило „Мини Купер“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Р.В. тргнале на бензинска пумпа лоцирана на булеварот „Октомвриска Револуција“, која се наоѓа во близина на селото Проевце.

Во непосредна близина на бензинската пумпа, на улицата излегол И.Ф. кој им дал знак да застанат.  Р.В. застанал и излегол од возилото, по што И.Ф. со гумена палка го удрил во пределот на главата и побегнал од местото.  По кратко време И.Ф. му се јавил на Ф.А.  да дојдат во близина на истото место за да се смират. Ф.А. и Р.В. отишле на  местото, каде ги чекал И.Ф..  Додека Ф.А. излегувал од возилото, И.Ф. со нож го прободел во десната нога, а потоа со неговот патничко возило „Ауди А3“ со кумановски регистарски ознаки, заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

19.09.2017 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега