Драма во струшко: Ја грабнал невенчаната сопруга од кај родителите

Четириесетгодишен жител на струшкото село Поум ја грабнал невенчаната сопруга која избегала од него и се вратила во домот на своите родители.

Според информациите на МВР, се работи за 40-годишниот У.В. кој на 22 август, околу 7 часот и 30 минути  насилно влегол во заклучена куќа и од собата во која спиела ја грабнал Р.К. по што насилно ја ставил во возилото и заминал во Струга.

Претходно, Р.К. живеела вонбрачно со У.В. но една недела пред да се случи грабнувањето се вратила во домот на своите родители и изјавила дека повеќе не сака да живее со него.

 

 

 

19.09.2017 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега