Пијан скопјанец ги претепал братот и снаата, нападнал и полицаец

М.С. е лишен од слобода во полициска станица Гази Баба, а полицискиот службеник побарал лекарска помош во Ургентен Центар Скопје.

Од МВР преку соопштение велат дека полициски службеник вчера околу 21 часот и 30 минути бил нападнат при интервенција за физички напад.

-Имено 43- годишниот М.С од Скопје, кој бил под дејство на алкохол физички ги нападнал неговиот брат и снаа, а при обид на полицискиот службеник да интервенира М.С. го нападнал удирајќи го со глава во пределот на носот, информираат од полицијата.

М.С. е лишен од слобода во полициска станица Гази Баба, а полицискиот службеник побарал лекарска помош во Ургентен Центар Скопје.

Против сторителот ќе биде поднесена пријава за напад на полициски службеник.

 

 

 

 

25.12.2017 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега