Жител на Врапчиште пустошел низ Охрид- извршил неколку тешки кражби

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 23- годишниот Џ.И од с. Врапчишта, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „тешка кражба“.

Џ.И. делата ги сторил во периодот од 29 ноември до 4-ти овој месец во Охрид, откако претходно побегнал од воспитно поправниот дом во Тетово. Тој, со употреба на сила и подесен алат, метална шипка, успеал да влезе во службени простории на неколку деловни субјекти во Охрид.

На 29-ти минатиот месец, пријавениот, со кршење на стаклото влегол во книжара на улица „Св.Климент Охридски“ од каде одзел 13.000 денари. Истиот ден, на ист начин, Џ.И. влегол во канцеларија на приватна фирма на булевар „Туристичка“ во Охрид од каде бесправно одзел 13.000 денари.

На 30-ти ноември пријавениот влегол во месарница во близина на градскиот пазар и од касата одзел 5.000 денари, а потоа и во канцеларија на уште една приватна фирма на булевар „Туристичка“ од каде одзел 400 денари. На 04.12.2017 година пријавениот се обидел да влезе во парфимерија и пицерија на улица „Св.Климент Охридски“, но не успеал бидејќи се вклучил безбедносниот аларм, по што веднаш избегал. 

 

 

 

25.12.2017 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега