Јанчев: Би го водел ВМРО ако видам тим со визија

 

„Нема да ви одговорам директно на прашањето дали имам амбиции да станам претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Не би било фер, но ќе ви кажам дека доколку внатре во партијата има тим подготвен за работа, составен од високоетаблирани луѓе со јасна визија во кој правец треба да се одвива ситуацијата и да се движи партијата – подготвен сум да се приклучам, па и да го раководам тој тим и да бидам на негово чело“, поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев во интервју за „Независен весник“.

Тој вели дека се уште чека официјален документ за да види дали е разрешен од функцијата потпретседател или целосно е исклучен од партијата.

-Заладувањето на односите со претседателот Христијан Мицкоски, што резултираше со завчерашното разрешување, кулминираше во пред и постреферендумскиот период кога Јанчев отворено се залагаше да се излезе и да се гласа „против“ договорот со Грција, кој бил лош, но партијата јавно да покаже став и со тоа да ѝ помогне на Македонија конечно да стане дел од европското семејство. Од друга страна, Мицкоски и другите двајца потпретседатели: Александар Николоски и Владо Мисајловски прокламираа „бојкот“, иако јавно се залагаа за опцијата секој сам да одлучи што ќе прави. Всушност, првите искри во вмровскиот кампус кон градоначалникот на Кавадарци беа по една летна фотографија од еден навидум безначаен настан во Тиквешието каде што Јанчев позира заедно со премиерот Зоран Заев. Додека социјалдемократите моментот го доживуваа како фотографија на двајца лидери за европска Македонија, вмровците се чувствуваа предадени поради што на социјалните мрежи дури и почна акција за бојкот на минералните води „кожувчанка“, чиј сопственик е Јанчев. Веднаш по референдумот, пак, тој прв подаде рака на идејата на Заев за амнестија и помирување за случувањата од 27 април - вели Јанчев.

 

 

 

 

24.10.2018 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега