Миовски: Неиздржани се лагите на Марин и СДСМ дека нема законски основ за мораториум на градбите во Аеродром

 

Конечно го видовме вистинското лице на Златко Марин. Вчера на предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на дневен ред на седница на Советот на општина Аеродром беше точка за мораториум на постапките за издавање на одобренија за за градење на објекти на градежни парцели кои се во границите на деталните урбанистички планови кај „Мајчин дом“ и во Стар Аеродром, како и запирање на сите постапки за изградба на објекти за кои е издадено правосилно одобрение за градење во границите на овие детални урбанистички планови, се до извршување на ревизија од страна на стручните служби на општина Аеродром. Златко Марин и советниците на СДСМ со коалицијата одлучија да не ја поддржат оваа точка и да овозможат изградба на започнатите градби во Аеродром.

Ова го истакна Петар Миовски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром.

-Лицемерно е пред избори да ветуваш мораториум на градби и за само една година комплетно да си го погазиш зборот и да овозможиш изградба на нови градби, а посебно на новата висококатница кај „Мајчин Дом“. Неиздржани се лагите на Марин и СДСМ дека нема законски основ за мораториум на градбите во Аеродром. Неиздржани се обвинувањата кон ВМРО-ДПМНЕ од позиција на градоначалник со мандат од една година, кој ништо не преземал за спречување на овие градби, рече Миовски и додаде:

„Златко Марин со театрални пресови и интервјуа „бара решение“, а се моли да не го најде. Тоа повеќе не проаѓа. На граѓаните им е и повеќе од јасно дека бизнис интересите се единственото нешто што Златко Марин се труди да го реализира. Лицитирањето со суми за оштета, незнаењето, покажување со прст кон опозицијата се само изговор дека нема решение на проблемот, а вистината е дека од 1 ноември 2017 година, кога Златко Марин ја презема градоначалничката функција, до септември 2018 година, кога издаде одобрение за градење на висококатницата кај „Мајчин Дом“ градоначалникот не се ни обиде да најде решение, иако тоа му беше главно предизборно ветување“.

Аеродромци, подвлече тој, ќе го паметат Златко Марин како најнеспособен градоначалник, кој буквално се` што ветил, излажал.

 

 

 

30.10.2018 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега