Ештон: Груевски и Самарас да седнат на иста маса и да се договорат

 Високот претставник на Европската унија за надворешна политика Кетрин Ештон ги повика македонскиот и грчкиот премиер да постигнат решение на спорот.

Во своето обраќање во институтот „Вудро Вилсон“ во Вашингтон, Eштон направи споредба со премиерите на Србија и на Косово, кои со директни разговори успеаја да постигнат договор за повеќе отворени прашања

- Секогаш сум подготвена да помогнам, но ова решение, како во случајот на Србија и на Косво, зависи од тоа луѓето да се подготвени да ги направат потребните компромиси, да седнат на маса и да имаат повисока цел пред себе. А, повисоката цел е што можете да сторите за својот народ, изјави Ештон.

Таа додаде дека ЕУ ги поддржува напорите на ОН за наоѓање решение за спорот, кое ќе зависи и од желбата да се биде дел од Европската унија.

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун на средбата со македонскиот премиер Никола Груевски во Њујорк, најави и личен ангажман за реализирање на македонското барање за двете страни да седнат на високо ниво, нешто што грчкиот премиер Андонис Самарас одбива да го стори.

Самарас, кој е во посета на САД, денеска почнува подолг престој во Вашингтон каде ќе оствари средба и со потпретседателот на САД Џо Бајден. 

 

01.10.2013 - 08:24

најчитано сега