Тони Блер ќе се обрати на мировниот самит во рамки на "Сахара Балканскиот Мировен Фестивал"

 

Денеска во втората вечер од "Сахара Балканскиот Мировен Фестивал", ќе се одржи мировен самит на кој ќе учествуваат педесетина светски лидери меѓу кои и поранешниот британски премиер Тони Блер.

За Блер, ова е прва посета на Македонија. Денеска во рамки на мировниот самит тој ќе има свое обраќање.

Инаку, фестивалот започна вчера со перформанс на танчери од студиото на Шајмак Давар од Индија. Свое обраќање имаа премиерот Груевски и индискиот гигант Субрата Рој. 

Фестивалот е спонзориран од Сахара групацијата, под покровителство на Владата на Република Македонија. 

02.10.2013 - 10:29
Фото: 
бриф

најчитано сега