ВМРО-ДПМНЕ: Додека државните функционери на СДСМ местат тендери, народот трпи

Додека нашите сограѓани ги губат своите животи, бандата и натаму е фокусирана на криминал и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, народот трпи, додека државните функционери на СДСМ местат тендери.

-Скандалозно е во услови на вонредна состојба и светска пандемија, функционерите на СДСМ да се занимава со доделување тендери во 4 очи на луѓе блиски до власта наместо со здравјето на граѓаните и подобрување на економската состојба која во моментов е катастрофална. Ниту епидемијата на опасниот коронавирус не ја спречи криминалната банда на СДСМ во четири очи како единствен понудувач да и додели тендер на фирмата „Алпима градба тим“ ДООЕЛ Струмица од ЈП Дрисла и Шилегов, во висина од над 12 милиони денари односно над 200.000 евра, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму прашуваат дали зад тендерскиот скандал со Дрисла има и роднинска спрега?

-Дали е точно дека братучед на генералниот секретар во Владата, Драги Рашкоски го добил тендерот од 12 милиони денари, а оној кој го доделил пак е братучед на неговста сопруга? Одговор на прашањето дали овој тендер е доделен со амин на Рашковски и Шилегов мора да има. Во Република Македонија се повторува историјатa. јавноста е сведок на повторување од криминалната транзицијата кога илјадници граѓани останаа на улица, а олигарсите на СДСМ ги наполнија џебовите со парите на народот. Македонските граѓани ова нема да го дозволат, следува казна за криминалот и корупцијата во време на вонредна состојба, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2020 - 08:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега