ВМРО-ДПМНЕ: Исплатата на субвенции за тутун е обврска, а не милостина на Заев

Исплатата на субвенциите за тутун се обврска, а не милостина на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на соопштението на СДСМ.

Според партијата, исплатата на субвенциите се пари кои што државата им ги должи на земјоделците, обврска на оваа Влада согласно закон.

-СДСМ преку соопштение не може да го сокрие фактот дека исплатата на субвенциите доцни веќе три недели. Додека земјоделците произведуваат и плаќаат данок,  криминалната влада на Заев фрла пари на тендери и партиски вработувања.Неработата и неспособноста на оваа власт се виде и преку анализата на институтот за економски истражувања Сазадвег, заклучно со 7 април, Македонија донела одлука финансиски да интервенира во стопанството во висина од 0,2% од БДП, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, со ова Македонија е меѓу европските држави кои за помош на економијата вбризгале најмалку пари во првиот месец по прогласувањето на пандемијата. Според

-СДСМ треба да знае дека тутунарите не се мали деца за да им поверуваат на лагите. Тутунарите и земјоделците во целост не се задоволни од политиките на СДСМ, затоа ќе ги казнат на претстојните избори, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2020 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега