Попова: Имаме еден Шилегов кој во опозиција го гушкаше ГТЦ, и друг кога е на власт кој со куп железо го нагрдува истиот ГТЦ

Оваа грдосија зад мене, за жал е новото ремек дело на Шилегов за Скопјани. Ова куп железо зад мене е директно нарушување на архитектурата на Градскиот Трговски Центар.  И архитектите, и уметниците, но и самите Скопјани се сложуваат дека оваа градба на Шилегов го нарушува ликот на Градскиот Трговски Центар.

Ова денеска на прес-конференција го истакна советничката во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Попова.

-Значи имаме еден Петре Шилегов кој во опозиција го гушка ГТЦ, и друг Петре Шилегов кој кога е власт со куп железо го нагрдува истиот Градски Трговски Центар.         Наместо целосна реконструкција, Шилегов си експериментира со Градскиот Трговски Центар, рече Попова.

Според неа, ГТЦ за Шилегов е добар само за неговите бизнис интереси.

-Ќе потсетам, со овој куп железо, на една осмина од трговскиот, на кровот направи зелено катче кое прокисна, но не заборави да изгради ресторан кој по реакцијата на јавноста никогаш не се доврши. Ова не е архитектура туку талибански карактер на Петре Шилегов, чија неиживеаност скапо ги чини Скопјани. Од друга страна во исто време кога се нагрдува ГТЦ, за време на полициски час среде центарот на Скопје се вадеа канделабри, и тоа во ек на корона пандемија од страна на целосно незаштитени работници, рече Попова.

Побара итно да се стопира градбата и план за спас на ГТЦ од, како што рече, фикс идеите и неиживеаноста на Петре Шилегов.

-Како Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека најпаметното нешто што Шилегов може да го направи за спас на Скопје, и да ги спаси Скопјани од него е да си поднесе оставка, рече таа.

Попова: Имаме еден Шилегов кој во опозиција го гушкаше ГТЦ, и друг кога е на власт кој со куп железо го нагрдува истиот ГТЦ

Posted by Press24.mk on Monday, 27 April 2020

27.04.2020 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега