Дневен хороскоп: На еден знак ништо нема да му оди од рака

 

ОВЕН

Правите тајни планови кои немаат цврста основа ниту потенцијал да се развијат. Задоволни сте како врската напредува. За разлика од вас, другата страна има доза на несигурност. Коските се чувствителни.

БИК

Не сте реални кога се очекувањата во прашање. Не приметувате дека очекувањата ви се превисоки. Брачниот партнер се соочува со сериозни проблеми на работа, за кои не сте свесни, ниту тој ви зборува за тоа. Внимавајте на исхраната.

БЛИЗНАЦИ

Ако работата бара соработка со медиумите, денеска ве очекува јавен настап. Толку сте затворени што нема да кажете нешто конкретно. Имате тајна симпатија со која флертувате. Не ви пречи тоа што може да се најдете во љубовен триаголник. Бубрезите се чувствителни.

РАК

Демотивирани сте од ситуацијата на работа. Ништо не ви оди од рака, и имате впечаток дека работите нема ништо да се промени. Не сте задоволни од емотивната сфера. Ви недостасува партнер кој ќе ви пружи поддршка и вечна љубов. Наклонети сте кон меланхолија.

ЛАВ

Работата е во застој. Тешко ви е да прифатите дека не сте во можност нешто да направите по прашање за работните проблеми. Задоволен сте од односот со брачниот партнер. Приметувате дека не е расположен, но свесни сте дека тоа нема врска со вас, него со работата. Имунитетот е слаб.

ДЕВИЦА

Одличен ден за добивање на нови понуди. Иако добро ви звучи, не сте сигурни дали треба да ја прифатите. Задоволен сте од односот со брачниот партнер. Многу ви значи неговото разбирање и поддршка. Циркулацијата е слаба.

ВАГА

Конфузни сте, па можно е недоразбирање со соработниците. Среќа, се брзо разјаснувате. Флертувате со колега. Уживате во неговото внимание. Без оглед што е зафатен, уживате во неговото додворување. Стомакот е чувствителен.

ШКОРПИЈА

Ве очекува разговор со надредената личност во врска со нови планови. Надредената личност има поголеми очекувања, додека вие сте несигурни. Не внимавате на брачниот партнер. Многу сте затворени и како да се исклучувате од својот свет. Ве очекува прилив на позитивна енергија.

СТРЕЛЕЦ

Одличен ден за барање на кредит или позајмица. Приказната ви е убедлива, што луѓето сами ќе бараат да ви даваат пари. Односот со брачниот партнер не е најдобар. Двајцата сте фокусирани на пари, а вие во тоа претерувате. Слаб имунитет.

ЈАРЕЦ

Имате многу обврски, но сте добро организирани и ефикасни, па се завршувате на време. Односот со брачниот партнер е сложен. Не сте заинтересирани за тоа поле, но тој упорно инсистира да биде по негово. Проблеми со притисокот.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува одлична комуникација со колегите. Брзо размислувате, брзо носите одлуки и ефикасно работите. Односот со брачниот партнер е стабилен, иако не може да се каже и хармоничен затоа што покажувате двајцата тврдоглавост. Циркулацијата е слаба.

РИБИ

Имате многу обврски, но успевате да ги завршите. Одредени планови ги корегирате во од. Ве очекува ново познанство. Другата личност ви се допаѓа на прв поглед. На другата страна се случува истата работа, но намерно глуми ладнокрвност. Стабилно здравје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2021 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега