Утре две скопски улици ќе останат без вода
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје најави дека поради поврзување од старата на новата водоводна мрежа улиците „Букурешка“ и „Париска“ утре од 09:00 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.
Јавното претпријатие соопшти дека ќе поврзува од стара на нова водоводна мрежа од Ф100мм на улица „Букурешка“ бр.109а и затоа ќе биде прекинот.
– Утре поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа од Ф100мм на улица „Букурешка“ бр.109 а, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците ул.„Букурешка“ и дел од ул. „Париска“ од 09:00 часот до завршување на дефектот, се вели во соопштението на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа