Град Скопје: СДСМ повторно лаже и ги манипулира граѓаните за новиот билет на ЈСП

 

Град Скопје се огласи со соопштение по обвинувањата од владејачката СДСМ.

„СДСМ повторно лаже и ги манипулира граѓаните за новиот билет на ЈСП.

Имено, билетот кој сега ќе се продава за 120 денари и граѓаните ќе можат да го користат во текот на еден ден неколкукратно, односно неограничено во времетраење на 24 часа, е веќе решение кое што поранешното градско раководство го вовело, а истото сега се имплементира.

Градот Скопје во соработка со ЈСП во континуитет ќе работи на подобрување на условите на патниците, односно корисниците на градскиот превоз, иако СДСМ и понатака се обидува да ги спинува информациите и да работи на штета на граѓаните“, соопштија од Град Скопје.

12.04.2022 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега