Ќе има изменет режим на сообраќај во Скопје од 20 до 23 април

 

Минитерството за внатрешни работи (МВР) на Македонија ја извести јавноста дека од 20 до 23 април ќе има измена на режимот на сообраќај во главниот град.

Поради официјална посета на претседателот на Република Латвија, Н.Е. Егилс Левитс, на нашата држава, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

За таа цел, СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, соопштија од МВР.

19.04.2022 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега