(ВИДЕО) Младо момче се удави во Олимпискиот базен во Битола
Момче на 22-годишна возраст од Шпанија попладнево се удави на отворениот Олимписки базен во Битола, пренесува ТВ Телма.
Несреќата се случила околу 17 часот, а безуспешни биле обидите на лекарите од Итната помош за негова реанимација, по што е констатирана смрт кај младиот шпански државјанин кој престојувал во Битола.
На местото на несреќата има полиција, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција, од која се очекува да бидат прецизирани причините и околностите за овој трагичен настан.
Целата вест прочитајте ја ТУКА.
07.07.2023 - 22:38
Фото:
Принтскрин ТВ Телма
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа