ФОТО: Започна протестот за скандалот на Онкологија

 

Започна протестот на граѓаните против скандалот на Клиниката за Онкологија. Со различни транспаренти повеќе лица се собраа пред Владата барајќи, како што велат правда за сите оние кои го изгубиле животот на оваа клиника. 

 

„Протестот од Влада ќе продолжи пред зградата на Министерството за здравство, каде што ќе побараме одговорност за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија, но и за обелоденување на информациите во врска со истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, вклучувајќи ги лицата од Министерството за здравство, како што се претходните министри, кои влијаеле за забошотување на случаевите. Повторно нагласуваме и за тоа дека измени во Кривичниот законик нема да ги аболираат инволвираните од нивните злосторства доколку ние тоа не го дозволиме“, порчаа жителите кои бараат правда за жртвите на Клиниката.

25.09.2023 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега