Ковачевски на конференција во Париз

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, заедно со повеќе шефови на држави и влади, лидери на меѓународни организации, влијателни личности од меѓународниот бизнис, од граѓански организации, од академската заедница ќе присуствува на отворањето на 6-от Париски мировен форум, информираа од Владата.

Главна цел на Форумот, ккао што велат оттаму, е да ја поттикнува соработката и трагањето по решенија за предизвиците со коишто се соочува светот.

На Парискиот мировен форум, премиерот Ковачевски ќе се обрати на тема „Адресирање на нееднаквостите и забрзана имплементација на целите за одржлив развој".

Во рамки на работната посета на Париз, предвидено е претседателот на Владата, Ковачевски да оствари билатерална средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски работи, Џејмс О’Брајан.

Ковачевски вчера остварил работна вечера и со францускиот Претседател Емануел Макрон со кој како што напиша на социјалните мрежи ја споделиле определбата за здружено дејствување и ефикасни одговори на актуелните предизвици во светот

10.11.2023 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега