Петрушевски: ДУИ се прочитани - само бараат причина за дестабилизација

 

Додека ДУИ беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се, изјави на денешната прес-конференција Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ДУИ како власт во 2023 година учествуваше во изготвување на Стратегија за реформи во администрацијата 2023 - 2030 во која се нотира дека балансерот има бројни злоупотреби и истиот треба да се укине ДУИ прифатија укинување на балансерот од позиција на власт, и тогаш не повикуваа на протести, затоа што беа насочени на матни тендери и играње фудбал по канцеларии Од позиција на опозиција, сега корумпираните функционери од ДУИ не може да местат тендери и тогаш почнуваат да злоупотребуваат етнички прашања со цел дестабилизација. ДУИ само бараат причини за дестабилизација затоа што се плашат дека нивните функционери кои 20 години ја крадеа државата ќе се соочат со одговорност“, додава Петрушевски.

13.10.2024 - 11:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега