Судот го ослободи: Нема казна за адвокатот што го вееше огромното македонско знаме во Охрид

 

Ослободителна пресуда за адвокатот Тони Менкиноски кој беше обвинет за нарушување на јавниот мир и ред на празникот Водици, откако го развиори знамето сонцето од Кутлеш во Охрид.

На судењата, Менкиноски истакна дека не се чувствува за виновен бидејќи тоа не е спротивно на ниту еден меѓународен договор, ниту закон и подвлече дека сите оние во кои веруваат во македонската кауза ќе се потрудат да го вратат ова знаме како државен симбол на Македонија.

Охридскиот суд донесе ослободителна пресуда поради недостаток на аргументи и за Александар Ѓурчев кој истакнал големо знаме со сонцето од Кутлеш на плоштадот кај Горна Порта во Охрид.

 

15.03.2024 - 09:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега