Земале пари за пелети од граѓани, а не им ги доставувале
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.З.(39), Е.З.(41), двајцата од Скопје и правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против М.П.(38) од Скопје, сопственик на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со измама.
Прво и второпријавените, во мај 2023, како вработени во пријавеното правно лице, ги довеле во заблуда оштетените дека ќе им бидат испорачани и доставени претходно платените пелети за греење.
Со тоа нанеле штета на вкупно 26 физички лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа