СДСМ: Проектот во Александропули е доказ за визионерство

 


На 1 октомври 2024 година ќе биде пуштен во употреба терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александропули, проект во кој претходната Влада предводена од СДСМ, визионерски учествуваше од самиот почеток, велат од СДСМ.

„Со овој проект, државата ќе обезбедува 500 милиони кубни метри гас годишно, што ја надминува годишната потрошувачка од 400 милиони кубни метри. Македонија ќе обезбедува повеќе од доволно за да ги задоволи домашните потреби и ќе може да се пласира гас и во соседните земји, како Србија и Косово. Овој проект ќе ѝ обезбеди можност на државата за дополнителни приходи преку извоз на гас во регионот.

Покрај ова, оваа енергетска инфраструктура ја зајакнува енергетска независност и придонесува за зголемена енергетска сигурност на нашите граѓани и економија.

Покрај обезбедувањето на неруски гас, проектот вклучува и изградба на енергетска централа со капацитет од 800 мегавати, која ќе биде завршена во 2024 година.

Кога Владата на СДСМ ја презеде иницијативата за овој проект ВМРО-ДПМНЕ беше против. ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека  “Најавата на Владата за инвестирање во Грција е штетна од неколку аспекти и тоа: политички, финансиски и економски“.

“Намерата и постапките за инвестирање надвор од Македонија во енергетскиот сектор во овој момент, најблаго речено, се знак или за тотално неразбирање на проблематиката и економската состојба на Македонија, или намерно уништување на енергетскиот сектор“ беше ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска се покажува дека СДСМ била во право.

СДСМ е горда на својата улога во обезбедувањето на енергетската иднина на земјата и на значајниот придонес кој го направи за енергетската безбедност и економскиот развој на Северна Македонија. Ова е уште еден доказ дека нашата партија секогаш работи во интерес на граѓаните и на долгорочната иднина на нашата земја“, стои во соопштението на СДСМ.

24.09.2024 - 09:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега