ВРЕМЕ: Подгответе се за снежен викенд

Во Македонија во сабота ќе биде претежно облачно и ветровито. Во вечерните часови услови за слаби врнежи од снег ќе има во западните предели. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен источен ветер. Ветеро локално ќе достигне брзина и до 30 км/ч.  Утринските температури ќе се движат од -3°C до 4°C, а дневните температури ќе достигнат до 3°C односно до 9°C, пишува специјализираниот порал за временска прогноза Weather4All

Во Скопје во сабота ќе биде претежно облачно и ветровито. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура од 1°C, а дневната ќе достигне до 7°C.

Во недела во Македонија ќе биде претежно облачно и ветровито.  Слаби локални врнежи од дожд и снег ќе има во западните, северозападните и југозападните предели, а над 1000 метри надморска височина со врнежи од снег. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен источен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од -2°C до 4°C, а дневните температури ќе се движат од 3°C до 8°C. 

31.01.2014 - 22:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега