Државната каса бележи суфицит во април
Буџетот на Република Македонија во април оствари суфицит од 172 милиони денари. Вкупните приходи, според денеска објавената табела на Министерството за финансии, изнесуваат 16.657 милиони денари, а расходите 14.485 милини денари.
Вкупните даночни приходи изнесуваат 7.092 милиони денари, од кои најголем прилив има од данокот на додадена вредност 3.419 милиони денари, потоа е персоналниот данок на доход со 959 милиони денари, Данокот на добивка со 755 милиони денари. Од акцизи се слеани 1.195 милиони денари, додека неданочните приходи изнесуваат 773 милиони денари.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески неодамна изјави дека буџетот е во добра кондиција. Приливот на средства во првите четири месеци е соодветно на очекувањата, а плаќањата се вршат навремено.