Нови детали: Едниот од ликвидираните е член на криминална група од Грчец
Нови детали протекоа за вечерашната престрелка во скопско Кале, во која неофицијално има двајца мртви.
Исто така, според засега непотврдени информации се работело за лица добро познати на криминалното подземје. Престрелката се случила поради претходно нерасчистени сметки. На местото на настанот има зголемено полициско обезбедување.
Нашите извори велат дека едниот од ликвидираните лица е член на криминална група од приградското село Грчец,
Од МВР само потврдија дека се случила престрелка, а официјални информации ќе има по извршен увид на местото на настанот.
06.03.2023 - 21:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа