Обновен авиосообраќајот на аеродромот во Хамбург по заканите за напад

 

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Хамбург е обновен, изјави портпаролот на аеродромот, по денешната полициска операција спроведена како одговор на закана за авион од Техеран поради што беа прекинати летовите од тој аеродром.

Федералната полиција ја примила заканата преку е-пошта. Заканата била насочена кон патнички авион, кој полетал од иранскиот главен град Техеран до Хамбург.

Во авионот, кој слетал околу 12.20 часот, имало 198 патници и 16 члена на екипажот. Авионот бил паркиран на безбедно место и таму бил прегледан, а патниците биле однесени на посебен излез. Тие и нивниот багаж биле претресени.

Федералната полиција беше распоредена со голем контингент, а заканата се сметаше за сериозна.

Поради операцијата, летовите беа прекинати, а немаше полетувања и слетувања од 12.40 часот.

09.10.2023 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега