Полицијата на нозе: Во рок од два часа исчезнаа четири деца од Скопје
Вчера во 22.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.И.(41) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечиле М.С.(12), С.А.(16) и Н.Ј.(13) кои му се доделени на згрижување.
Два часа подоцна односно на 23.03.2025 г. во 00.40 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.М.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
23.03.2025 - 13:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа