Поставени заштитни столпчиња на улицата „Франклин Рузвелт“
По пристигнати барања преку е-поштата на Град Скопје на „24 часа отворен град“, екипите на ЈП „Улици и патишта“ поставија заштитни столпчиња за зголемување на безбедност на пешаците на улицата „Франклин Рузвелт“.
– На потегот од крстосницата со улицата „Орце Николов“ до булеварот „Партизански одреди“ од десната страна, досега се поставени околу 30 заштитни столпчиња, а поставувањето ќе продолжи и во текот на денешниов ден, информираат од Град Скопје.
Како што посочуваат од Град Скопје, со поставените столпчиња се превенира непрописно паркирање возила на овој потег и се овозможува непречено и безбедно движење за пешаците
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа