Радев: Честитам Пендиков, и покрај навредите го одбрани своето бугарско име

Му честитам на Кристијан Пендиков за храброста да го одбрани своето бугарско име и покрај провокациите, заканите и насилството, пишува Румен Радев на ФБ, објавувајќи слика со Пендиков.

„Бугарија нема да толерира насилство врз Бугарите во Република Северна Македонија и врз нејзините граѓани и ќе ги користи сите национални и меѓународни инструменти за заштита на нивните права. Нашите меѓународни партнери беа информирани и за уште една антибугарска кампања во РСМ, која ескалира последните денови.

Односот на РСМ кон злосторствата од омраза врз македонските Бугари е од клучно значење не само за билатералните односи, туку и за европската перспектива на земјата. Институциите во РСМ мора со дела да докажат дека не се симпатизери на децениската омраза кон Бугарија, чиј резултат се пожарите и пукотниците во културните клубови и насилството врз македонските Бугари и бугарските граѓани и одговорните за нив. Треба да бидат разоткриени и ефективно казнети. Бугарија ќе ги следи активностите на институциите во РСМ за гарантирање на животот и здравјето на граѓаните на оваа земја, кои и покрај систематската репресија продолжуваат да го бранат својот бугарски национален идентитет.

Вклучувањето на Бугарите во уставот на РСМ е гаранција за нејзината европска перспектива, како и вистинската посветеност на институциите за искоренување на јазикот на омраза кон Бугарија и Бугарите и спроведување на билатералниот договор за добрососедство“, пишува Радев на ФБ.

06.02.2023 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега