Само 15 отсто од Израелците сакаат Нетанјаху да остане премиер по војната

Само 15 отсто од Израелците сакаат премиерот Бенјамин Нетанјаху да остане на чело на владата по завршувањето на војната со Хамас во Газа, иако многумина сè уште ја поддржуваат неговата стратегија да ги уништи милитантите на Хамас во палестинската енклава, покажува анкетата спроведена од Израелскиот институт за демократија (ИДИ), пренесува Ројтерс.

Според истражувањето на ИДИ, 56 отсто од испитаниците сметаат дека продолжувањето на воената офанзива е најдобар начин за ослободување на заложниците, додека 24 отсто сметаат дека најдобро решение би била размената со уште 1.000 палестински затвореници.

Само 15 отсто од Израелците сакаат Нетанјаху да остане премиер по завршувањето на војната во Газа.

Политичкиот ривал на Нетанјаху и сегашен партнер во владата, Бени Ганц, доби поддршка од 23 отсто од испитаниците, додека околу 30 отсто од нив не посочија кон кого се приклонуваат.

Истражувањето е спроведено меѓу 746 испитаници од 25 до 28 декември, со нова веродостојност од 95 отсто, објави ИДИ.

Претходното истражување на ИДИ во декември покажа дека 69 отсто од Израелците веруваат дека изборите во таа земја треба да се одржат веднаш штом ќе заврши војната.

Нетанјаху во саботата рече дека ќе бидат потребни месеци пред да се постигне победа во Газа.

Сепак, последователните истражувања покажаа дека неговата популарност опадна по ненадејниот напад на Хамас во октомври.

Нетанјаху вети дека ќе ги уништи милитантите на Хамас по нападот на 7 октомври во јужен Израел во кој беа убиени 1.200 луѓе, а 240 киднапирани.

Нетанјаху верува дека интензивен воен притисок е од суштинско значење за да се обезбеди враќање на преостанатите 129 заложници, откако околу 100 беа ослободени кон крајот на ноември во размената на примирјето во кое беа ослободени стотици палестински затвореници.

02.01.2024 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега