Седум работи кои мажите не ги поднесуваат - секој ќе го отргнете од себе ако ги правите

 

Девојки, ова се тие седум ситници на кои го губите мажот засекогаш.

1. Ја загрозуваш неговата слобода

Самоуверената и независна жена која си ја знае вредноста и си ја сака слободата, ја почитува слободата и личниот простор на партнерот.

Никој не сака да биде во врска/брак и да се чувствува заробено, односно како во затвор. Доколку ја загрозувате слободата на партнерот, тој ќе замине, без разлика на тоа што ве сака.

Гушењето е исто така ситница на која може да го изгубите мажот засекогаш. А под “гушење” подразбирам поминување 24/7 во негово друштво, односно наметнување во неговиот личен простор.

Секој има потреба од слободно време кое ќе го искористи на себе. Секој има потреба од посветување на дел од времето на себе и своите страсти. Ако вие го крадете тоа од партнерот, бидете сигурни дека тој ќе замине.

Постојано проверување на телефонот или профилите на социјалните мрежи се исто така ситници кои го оддалечуваат партнерот од вас, како и прашањата од типот “Каде беше синоќа во 23:13:01 и со кого?”

Никој не е должен да ви поднесува извештај за својот живот, односно никој не сака постојана контрола од страна на партнерот. Дали сте вие негова девојка или сте детектив?

Љубомората и недовербата се темелите на лоша токсична врска која никогаш не завршува добро. Напротив, ваквите врски секогаш имаат лош крај. Љубомората не е знак на љубов, туку довербата.

Зошто сте со него, ако не му верувате? Тој не е ваш затвореник. Тој е слободен човек кој може да прави што сака. Не е роден за рака со вас. И сигурно нема да го напушти светот фатен за рака со вас.

2. Постојано се обидуваш да го промениш

Ако постојано се обидуваш да имплементираш суптилни, фрустрирачки промени во неговиот живот, или се обидуваш да го промениш него како личност, тогаш верувај дека ќе те остави.

Мажите не сакаат кога жената се обидува да поставува правила и ултиматуми околу нивното однесување, облекување или стил на живот.

Зошто би го менувала, ако навистина го сакаш, таков каков што е?

Можеш да сугерираш промени кои ќе го подобрат неговиот, а и вашиот заеднички живот. Но, не и да сугерираш промени околу неговиот личен живот, неговата личност, неговиот карактер и неговото однесување.

Ако нешто не ти се допаѓа кај партнерот, во ред е да го изјасниш своето незадоволство и да зборуваш со него за тоа, а притоа да истакнеш дека би била посреќна доколку САМИОТ одлучи да се промени кон подобро.

Но, не е во ред да се обидуваш да го промениш со поставување на луди правила, замки и ултиматуми. Ниту еден маж нема да остане со вас, ако не покажете дека го сакате онаков каков што е навистина.

3. Тој не чувствува страст од твоја страна

Ако не покажуваш интерес како што си покажувала на почетокот на врската, тој ќе покаже интерес кон некоја која ќе се заинтересира за него.

Ненадејните страсни бакнежи пресушиле, како и ненадејното покажување на страсти како некогаш, а желбата за секс значително се намалила?

Ниту еден маж нема да остане покрај жена од чија страна не чувствува привлечност и страст. Исто како што никоја жена не би останала покрај маж кој не покажува интерес за неа или интересот се намалил без посебна причина. Секако дека не може постојано да покажувате страст и постојано да мислите на секс, но ако страста целосно ја снема во врската, со тек на време, таа сигурно ќе пропадне. Зошто? Едноставно е. Ако сакаш некоја личност, односно ако си загреан за неа, тогаш страста е присутна и постојано се чувствува. Во спротивно, згаснува затоа што не чувствуваш желба за партнерот, а мажите, па и жените многу добро го знаат тоа.

4. Се опседнуваш со ситници и банални работи

Датумот на вашиот прв бакнеж или какви алишта сте носеле на вашиот прв состанок, се банални работи со кои повеќето жени се опседнуваат, а мажите ги мразат, односно не се преокупираат со нив, затоа што знаат дека се неважни.

Ако вашиот дечко/сопруг, не се сеќава на датуми или ситници за кои вие мислите дека се многу важни, а во суштина не значат ништо, не значи дека не ве сака, туку е позрел и нема време за опседнување со работи кои не значат ништо.

Луѓето ги измислиле за да не се изгубат во времето, односно да има со што да си го преокупираат мозокот и да им биде интересно во текот на денот, па и во текот на животот.

Наместо да се нервирате за неговиот намален интерес околу овие банални работи и ситници, сетете се на некоја реченица или гест преку кој тој докажал дека навистина ве сака и се грижи за вас.

И оставете го на мира, односно не опседнувајте се со глупости, ако сакате да го задржите покрај себе. Одбегнувајте расправии за банални работи.

5. Постојано ги споменуваш неговите бивши

Ако сте опседнати со неговите бивши или некоја од неговите бивши за која мислите дека е поубава или подобра од вас, со тек на време, тој ќе замине. Никој не сака постојано споменување на бившите, без разлика дали се тоа неговите или вашите.

Зошто би ги споменувале постојано, ако не се повеќе дел од вашето секојдевие, односно ако сте среќни со вашиот партнер?

Зошто ве интересираат ситници околу врската која тој ја имал со своите претходни девојки, повеќе отколку неговите планови за иднината?

Девојки, момци, запомнете го ова добро и престанете да се интересирате за минатото на вашиот партнер, туку сонувајте за иднината и уживајте во сегашноста. Во спротивно, врската ќе се распадне, евентуално.

7. Постојано ги споменуваш твоите бивши

Оваа ситница наликува на претходната. Ако постојано ги споменуваш бившите, односно споделуваш спомени или го споредуваш партнерот со своите бивши партнери или некој бивши кој ви оставил впечаток, тој ќе замине, а вие ќе може слободно да се вратите кај некој од бившите.

Никој не сака да биде споредуван со други луѓе, најмалку со бившите или пак личност на која и се восхитувате. Со тоа покажувате дека се уште сте заинтересирани за бившиот партнер, односно сте загреани за личноста со која го споредувате вашиот сегашен партнер. А ниту еден маж нема да го поднесува тоа, без разлика на тоа што ве сака и се грижи за вас.

7. Одлучуваш наместо него и го потценуваш

Ако се однесувате кон партнерот како кон свој слуга кој е обврзан да ве слуша и одлучувате за него, тој постепено ќе се оддалечува од вас, и на крајот ќе ве остави.

Зошто? Затоа што никој не е должен да живее според вашите правила и ултиматуми. Секој има право на мислење и збор, односно право да одлучува за себе и за врската, затоа што и тој е дел од неа.

Ако нема компромис, односно ако си дозволувате да ги правите сите потези во врската без да се консултирате со партнерот, тој ќе најде некој кој ќе се интересира за неговото мислење и ќе се однесува зрело, односно ќе го почитува и вреднува, онака како што заслужува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега