Селфи од автомобил во движење не поминало добро: Британка испаднала од прозор на фрекфентен автопат (ФОТО)
Жена паднала од автомобилот на фреквентен автопат во Лондон додека висиела низпрозорец снимајќи видео за Snapchat, соопшти локалната полиција, пренесува Си-Ен-Ен.
На жената и била укажана лекарска помош на местото на настанот и не претрпела сериозни повреди.
„За среќа, таа не беше сериозно повредена или мртва“, напиша полицијата на Твитер, објавувајќи слика од отворен прозорец од автомобилот од кој паднала жената.
Според Си-Ен-Ен, студија објавена во едно списание, околу 259 луѓе ширум светот починале обидувајќи се да направат селфи меѓу 2011 и 2017 година. Истражувачите откриле дека повеќето вакви смртни случаи се случиле во Индија, а потоа следат Русија, САД и Пакистан. Повеќето од жртвите биле мажи (околу 72%) на возраст под 30 години.
Тие исто така се потсетуваат дека минатата година четири лица од исто семејство се удавија во Индија откако се лизнаа и паднаа во вода обидувајќи се да направат селфи.
The front seat passenger was hanging out the car whilst filming a SnapChat video along the #M25. She then fell out the car and into a live lane.
It is only by luck she wasn’t seriously injured or killed.#nowords
2846 pic.twitter.com/b7f1tPJTEb— Roads Policing Unit (RPU) - Surrey Police - UK (@SurreyRoadCops) September 19, 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа